АХВ ги осуди нерегистрираните производители на сирење во Прилеп и Скопје

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) казни нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје, како и месар затоа што не водат дневна евиденција за суровините што се користат за производство на месни производи.

Како што информираат од АХВ, во прилепското село Ново Лагове, индивидуален земјоделец е казнет поради производство на нерегистрирано сирење и му е наложено да ја регистрира дејноста.

Во Прилеп изречена е глоба и на месар затоа што не водел дневна евиденција за суровините што се користат за производство на месни производи.

Со нивни редовни и вонредни контроли низ државата, казнети се физички лица и на зелениот пазар во скопски „Буњаковец“.

– Уништени се 8 килограми сирење, 2 килограми кашкавал, 5 пакувања мед со саќе во количина од 4,5 килограми кои немале документ за потекло, се вели во соопштението на АХВ.