Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во врска со болеста птичји грип, која неодамна е потврдена кај две угинати диви птици во Скопје, во два изолирани случаи, апелира до граѓаните, за дивите птици кои ќе ги најдат мртви (патки, гуски и слично) информирајте го АХВ лично (во седиштето на Агенцијата или подрачните единици), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на [email protected]), компании ветеринар.
Доколку се работи за други видови угинати птици и изолирани угинати, треба да се пријават во јавните претпријатија за нивно безопасно отстранување.
„Болеста од птичји грип, иако е зооноза, во вакви случаи не претставува сериозна закана за ширење на болеста, ниту за птиците, ниту за луѓето. Болеста се шири преку директен контакт со заразени птици или нивни секрети, особено со измет. Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува одгледувачите на живина дека е задолжително да се пријават промените во здравствената состојба и зголемената смртност на птиците до ветеринар или официјалното ветеринарно друштво, како и примената на биосигурносните мерки при спроведување на сите активности на фармата.
„АХВ апелира на внимателност и преземање заштитни мерки за категориите на лица изложени на ризик, односно за лицата кои може да имаат близок контакт со заразени птици. „Дивите птици, главно преселниците, се резервоар и најчести носители на вирусот на птичји грип“, велат од AХВ.