Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети синојка во Студеничани учествуваше на средба со народот организирана од партискиот огранок.
На средбата со жителите на Студеничани, се наведува во соопштението, било разговарано за важноста на меѓуетничките односи и зачувувањето на мултиетничноста како незаменлива вредност за стабилноста на државата.
„Али Ахмети ја истакна потребата од заштита на остварените права на Албанците и на немнозинските заедници, како и гарантирање на еднаквост и еднакви можности за сите граѓани, без разлика. Друга суштинска точка за која се разговараше беше одржливиот развој, кој гарантира безбедна и еднаква иднина за сите заедници“, се вели во соопштението на ДУИ.
Ахмети понатаму изјави дека Албанците секогаш ја покажувале својата претпазливост и одговорност и се подготвени да го бранат своето достоинство и права и дека не толерираат понижување и нема да дозволат никој да ги поткопа нивните напори за еднаквост и почитување во ова општество.
Али Ахмети увери дека ДУИ ќе продолжи да остане посветена на зајакнување на соживотот меѓу етничките групи и на унапредување на општество во кое се почитуваат сечии права и секој ќе има корист од новите случувања и можности“, се наведува во соопштението на ДУИ.