Ахмети: За ДУИ, во октомври треба да има и локални и парламентарни избори

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, синоќа од Гостивар, каде што се одржуваше состанок со женскиот форум, уште еднаш ја нагласи потребата од предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори.

„За Демократската унија за интеграција, повеќе од можно е во октомври да има и локални и парламентарни избори. Сепак, за да се постигне ова, секако мора да има политички и етнички консензус и очекувам дека целата ситуација ќе добие епилог во наредните денови“, рече Ахмети.

Тој додаде дека Албанците се дискриминирани од страна на сегашната влада, која ја нарече антиалбанска.

Според него, оваа влада ги погазила сите достигнувања на Албанците во последните 20 години, кршејќи ги и вредностите на Охридскиот договор.