Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети од шаторите на Европскиот фронт за одбрана на албанскиот јазик, порача дека Уставниот суд треба да ја отфрли расправата за 13-те члена и обидите за скратување на албанскиот јазик или таму нема да има мир.
Ахмети рече дека сакаме демократија, сакаме нашата земја секогаш да биде во напредок и што е можно поблиску до евроинтеграциите.
„Во овие не толку добри моменти за нас се загрозува нешто свето, стекнато со крв низ вековите, нашиот јазик. Од овој плоштад сакам да му се обратам на Христијан Мицкоски.
Ние сакаме мир, сакаме демократија, сакаме слобода, ја сакаме за сите, сакаме нашата земја да биде сè повеќе и повеќе во напредок и што е можно поблиску до ЕУ, а не да дејствува во институциите за да го оштети јазикот кој е официјално и излегува од процес на дијалог.
Овие нашиве секојдневно ги менуваат позициите, знам колку се храбри. Со право нека одлучи судот, инаку нема да има мир“, рече Ахмети.
Тој му порача на премиерот Христијан Мицкоски дека велат дека војната завршила со компромис од кој страните не се задоволни, но компромисите се во ваш и наш најдобар интерес, затоа, како што рече Ахмети, Охридскиот договор мора да се почитува и да не се допираат срцето на Албанците.