– Претседателот на ДУИ, Али Ахмети ден еска на прес-конференција со партиските лидери од коалицијата Европски фронт рече дека Охридскиот договор бил прекршен затоа што не бил почитуван легитимитетот на нивните гласачи. Затоа, посочи тој, почнуваат битката за почитување на духот на Охридскиот договор, кој се заснова на легитимноста и обичајното право на застапување од страна на оние кои го имаат легитимитетот на заедниците.
Според Ахмети, кога се почитува духот на Охридскиот договор, општеството напредува и сите граѓани се еднакви.
-Секако дека е прекршен Охридскиот договор, затоа што Охридскиот договор треба да се чита уште еднаш. Охридскиот договор ги санкционира овие прашања, но тоа не се чита исто од сите лица политички чинители и ние не дозволуваме овој договор ниту да се загрози ниту да се прекрши и целосно сме мобилизирани и организирани за одбраната на легитимноста. Нас не прашуваат луѓето зошто ние да гласаме кога некој друг одлучува за нашата определба. Ние сме дејствувале како луѓе кои сме добиле легитимност од гласачот, и вчера во Собрание бевме на верификација на мандатите но го напуштивме собранието затоа што се чувствуваме омаловажени затоа што се прекрши легитимитетот на сите тие што гласале на 8 мај. Не станува збор за бојкот, ние ќе ги користиме сите демократски механизми во одбраната на легитимитетот, рече Ахмети.
На новинарско прашање дали во 2017 година бил прекршен Охридскиот договор кога ДУИ состави Влада со партијата која не победи на изборите, Ахмети со одговор дека одговорноста ја сноси мандатарот.
– Одговорноста за државно организирање ја сноси мандатарот. ДУИ во тоа време и овој случај со Фронтот не е мандатар и одговорноста за стабилноста, добри меѓуетнички односи, политички процеси, за важни процеси во кои ние се наоѓаме како во однос со соседите така и во однос со Брисел одговорноста ја сноси мандатарот. Дали ќе ја почитува легитимноста на мнозинство на граѓаните на кои не се мнозинство и оваа одговорност спаѓа врз мандатарот, а не врз нас. Јас сум заедно со моите колегите во одбрана на добиената легитимност од гласачот, рече Ахмети
На новинарско прашања што ќе прави осум години во опозиција, Ахмети рече дека не се загрижени за нивното учество во власт туку за одбрана на легитимитетот на нивните гласачи.
– За 22 години секогаш со борба сме ги добиле правата со гаранција од НАТО, ЕУ, САД, никогаш не сме биле комотни во фотелјите кои мислите дека биле меки. Воопшто не ни трепери окото, нашата загриженост е затоа што ние како Албанци сме во ситуација да ја погазиме легитимноста за групни или лични амбиции. Денес тема на Албанците е одбраната на легитимноста затоа што и најмладиот ме прашува зошто јас да гласам кога некој одлучува за мојата судбина за нашето демократско право а тоа е глас. Ова е нашата загриженост, а не е опозицијата. И осум години да бидеме опозиција Албанците ќе одат напред. Но, е прашање дали ќе бидеме, опозиција, и борбата не ја правиме за власт, воопшто не е за власт, туку ние сакаме стабилна држава, мирна држава безбедна и функционална држава, со добри меѓу етнички односи. Колку ова им служи на меѓуетничките односи, не заборавајте дека ВМРО цела кампања ја водела против Албанците, осум години. И ова не се заборава. Следете какви изјави за коридор 8, земете ги другите изјави против Америка, против НАТО и договорите. Бидејќи е вака ќе видиме како ќе течат понатаму работите, не ни трепери окото, бидејќи сме во право, рече Ахмети.
Заедно со лидерите на Европскиот фронт, Ахмети на прес-конференцијата рече дека резултатите од 19 нивни пратеници се прекршуваат преку изборен инженеринг, како и дека албанската опозиција ја прекршиле декларацијата за навлегување во владино партнерство без уставни измени.
– Го започнуваме овој пат за да не дозволиме мајоризација којашто го оптоварува соживотот и демократијата и ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во нашите напори да го заштитиме гласот, легитимитетот и духот на Охридскиот договор, но и на договорите од Преспа и за добро-соседството за европската иднина, рече Ахмети во обраќањето.
Според Ахмети, кога не се почитува духот на Охридскиот договор, државата се враќа во други системи и времиња кои колективно се напуштени, а дека непочитувањето на легитимитетот е понижување за Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите.