Во зградата на општина Гостивар се одржа средба на претседателот на Алијансата за Албанците и претседавачот на општина Гостивар, Арбен Таравари и на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Според информациите, двајцата партиски лидери разговарале за можна коалиција на двете албански политички партии кои се дел од Владата на претстојните парламентарни избори.
Али Ахмети по средбата изјави дека сите опции се отворени.
„Разговаравме, опциите се отворени, беше многу пријателски разговор, повторно ќе се сретнеме. Ќе видиме, ќе разговараме за опциите, за визијата, за настаните. Во рамките на оценките што ќе ги дадат раководните органи во нашите партии ќе одлучиме за која опција ќе се одлучиме“ – рече Ахмети.