Аца Лукас откри дека снимил дует со Северина

Тоа е одлична песна, навистина е хит, изјави пејачката

Пејачот Аца Лукас за време на гостувањето во „Екстра ТВ“ откри дека снимил дует со Северина.

  • Снимивме навистина убава песна. Не знам кога ќе излезе, но супер е. Снимена е, иако сеуште нема име, би било глупаво ако ви го кажам сега името… Супер песна е, навистина е хит. Навистина е добра… – изјави Лукас.

Во оваа прилика тој најави дека на 13 мај ќе одржи концерт во Арена Загреб.

Тој истакна дека првпат чувствува еуфорија пред концертот и дека во Загреб ќе дојде ден порано.

-Сите што ќе дојдат нема да зажалат што дошле, и сите што нема да дојдат на концерт, а имаат некој што бил, кога ќе им каже како било, ќе зажалат. Го потпишувам тоа, затоа што се изостревме и така се подготвивме. Ова е прв вистински организациски концерт, онака како што навистина се прават концерти – додаде тој.