На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како ајкула се приближува до брегот на популарното летувалиште Каламата на Пелопонез. Видеото е објавено во групата “Грција инфо”, а на него се забележува дека ајкулата се движи опасно блиску до крајбрежјето.
Спасувачите веднаш реагирале и почнале да свиркаат за да ги натераат луѓето да излезат од водата. Инцидентот се случил околу 10 часот по грчко време на плажата Каламата, предизвикувајќи паника меѓу посетителите.