„А зошто да го следиме Западот и да воведеме санкции кон Русија?

Индија нема обврска да ги почитува едностраните антируски санкции наметнати од западните земји, изјави Робиндер Сачдев, претседател на Индискиот институт за имагиндија.

Тој истакна дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и индискиот премиер Нарендра Моди се состануваат во Њу Делхи оваа недела, кога се очекува да се побара соработка од Индија во спроведувањето на санкциите против Русија , пренесе ТАСС.

„Сепак, одговорот на Индија веројатно ќе биде љубезен, но цврст – Индија се придржува до резолуциите на Обединетите нации и бидејќи тие не воведоа никакви санкции кон Русија, Индија нема таква обврска “, рече Сачдев.

Овој експерт наведува дека ќе се повтори дека Индија ги следи сопствените национални интереси кога станува збор за трговијата и енергетската стабилност.

„Како што Европа продолжи да увезува клучни производи од Русија, Индија исто така носи независни одлуки врз основа на пазарните услови и нејзините економски потреби“, додаде Сачдев.

Аналитичарот истакна дека во 2024 година ЕУ увезла рекордни 17,8 милиони тони руски течен природен гас.

Тој додава дека Европската унија од јануари до јуни 2024 година увезла 4,7 милиони тони челичен материјал, а купила руски и белоруски ѓубрива за 65 отсто повеќе отколку во 2023 година, достигнувајќи ниво од речиси три милиони тони.