А1 објави повик за платена пракса на 15 дипломци

  А1 Македонија и годинава ја имплементира програмата за платена пракса, A1 WayUp. Повикот е отворен за 15 дипломци кои дипломирале во последните 12 месеци или кои годинава ќе ги завршат своите студии, а својата кариера сакаат да ја градат во А1 Македонија во една од следниве области: E-commerce/Digital Transformation, Data Science & Analytics, Infrastructure & Cloud, ICT Solutions и IT Systems & Technology.

Периодот за аплицирање почнува денеска и ќе трае до 12 јули годинава, а сите заинтересирани може да испратат кратка биографија и преку формулар да се пријават за една од позициите предвидени во оваа програма.

-Програмата е платена и трае шест месеци, со полно работно време од 40 часа, со можност за вработување и пред завршување на програмата, соопшти компанијата.

Заинтересираните кандидати може да се пријават на следниот линк .