Бабата се присети на првиот бакнеж а нејзината приказна ги растажи сите: Луѓето беа воодушевени од пресвртот што ја одбележа оваа љубов (фото/видео)
Секој од нас со нетрпение го очекуваше првиот бакнеж и колку и да го посакувавме, барем толку се плашевме од него.
Се плашиме дали ќе ги исполниме очекувањата на партнерот, дали ќе можеме да се бакнуваме. Сепак, сите овие стравови исчезнуваат во моментот кога ќе се случи првиот бакнеж, а тој се памети до крајот на животот.
Првиот бакнеж никогаш не се заборава, а некои го паметат детално и после толку години. На улиците на Хрвтаска, новинарите на порталот Index.hr ги прашуваа минувачите дали се сеќаваат на него, а одговорите секогаш беа потврдни.
Една баба сподели спомен
Сепак, најголемо внимание привлече една баба која на ова прашање одговори со насмевка потврдно, а потоа детално опиша како изгледа.
– Тоа беше, да речеме, уште во средно училиште. Бев со едно момче и малку разговаравме, ми се допадна и забележав дека сè е во ред и дека по некое време се согласив да ме бакнe па потоа го бакнав и јас него – објаснила таа.
Тажен крај
Таа не ја тргаше насмевката од лицето, а на прашањето што се случи со момчето и дали нивната приказна има среќен крај, го промени изразот и со тажен глас рече:
– Загина во сообраќајна несреќа. Многу ми е жал поради тоа – откри таа.
Шокниот пресврт ги остави сите без зборови
Ова видео привлече големо внимание во јавноста, а сите го коментираа тажниот крај на приказната.