БАБА ВАНЃА ПРЕДВИДУВА “ХОРОР“ НАСТАНИ ЗА ВЛАДИМИР ПУТИН И ЕВРОПА !? Ова се застрашувачките пророштва на слепата пророчица од Македонија за 2024 година

Слепата пророчица од Македонија, Баба Ванѓа, наводно направила серија предвидувања за некои екстремни настани за 2024 година.

Баба Ванѓа, позната и како „Нострадамус на Балканот“, се верува дека имала моќни визии за иднината. Се вели дека таа, наводно, ги стекнала своите моќи откако го изгубила видот за време на страшна бура кога била дете.

Британските медиуми јавуваат дека Баба Ванѓа, која наводно го предвидела нападот на Ал Каеда на 11. септември на САД, објавила застрашувачки вести за 2024 година.

Таа, наводно, правилно ја предвидела и трагедијата во Чернобил, како и смртта на принцезата Дијана и распадот на Советскиот Сојуз.

Баба Ванѓа почина на 84-годишна возраст во 1996 година.

Весник Mirror наведува седум нејзини предвидувања за 2024 година.

Сепак, секоја точност во однос на предвидувањата на Баба Ванѓа останува многу оспорена, особено што некои дури тврдат дека и се припишуваат многу зборови што таа не ги кажала – а камоли дали се и правилно протолкувани односно разбрани.

1.) ОБИД ЗА АТЕНТАТБаба Ванѓа наводно имала визија дека рускиот претседател Владимир Путин ќе биде убиен следната година од некој од неговата земја. Познато е дека Кремљ постојано ги негира шпекулациите дека Владимир Путин има рак и ги отфрла тврдењата дека неговото здравје се влошува.

2.) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ ВО ЕВРОПА – Таа дала предвидување за оружјето за масовно уништување. Таа тврди дека „голема земја“ следната година ќе изврши тестови или напади со биолошко оружје. Таа наводно најавила и дека терористите ќе извршат напад во Европа.

3.) ГОЛЕМА ЕКОНОМСКА КРИЗАБаба Ванѓа кажала дека следната година ќе има огромна економска криза која ќе влијае на глобалната економија. Таа истакнала неколку фактори кои придонесуваат како што се зголемувањето на нивото на долгот, понатамошните геополитички тензии и промената на економската моќ од Запад на Исток.

4.) ЗАСТРАШУВАЧКИ КЛИМАТСКИ НАСТАНИ – Таа наводно имала визија дека следната година ќе има ужасни временски услови и природни катастрофи. Според предвидувањето, ќе има промена на орбитата која обично се случува во подолг временски период. Меѓутоа, ако тоа се случи за краток временски период, може да предизвика проблеми, вклучително и нарушување на климата и зголемување на нивото на радијација.

5.) САЈБЕР НАПАДИ – Таа наводно кажала дека ќе има зголемување на сајбер нападите бидејќи напредните хакери директно ја напаѓаат виталната инфраструктура како што се електричните мрежи и станиците за третман на вода. Таа предвидела дека тоа ќе доведе до закана за националната безбедност на повеќе држави.

6.) МЕДИЦИНСКИ ОТКРИТИЈА – Пророчицата објавила позитивни вести од медицинската област и кажала дека ќе има нови третмани за неизлечиви болести, меѓу кои и Алцхајмеровата болест. Таа наводно предвидела и дека лек за ракот ќе има во 2024 година.

7.) ТЕХНОЛОШКИ РЕВОЛУЦИИБаба Ванѓа имала визија дека ќе има голем напредок во квантното пресметување. Пријавено е дека квантното пресметување напредува брзо и може да ги реши проблемите побрзо од традиционалните компјутери. Ако тоа се случи следната година, вештачката интелигенција ќе се развие уште повеќе, пренесува mirror.co.uk.