Еден корисник на социјалната мрежа Редит напишал дека неговиот дедо бил измамен и изгубил 1.500 евра.
„Мојот дедо (82) е вдовец и живее сам на југот на Србија. Пред седум години запознал баба од Бугарија на пазар. И бабата е вдовица и нема приходи освен што продава нешто на пазар, носи роба од Бугарија и тука ја продава а на суд се борела да ја преземе пензијата од нејзиниот покоен сопруг.
Дедо ми ѝ предложи да се пресели кај него и да живеат заедно. Сето тоа функционираше, освен што дедо ѝ даваше пари да оди во Бугарија да донесе роба, што не беше голем проблем. Таа вети дека ќе ги врати кога ќе ја добие пензијата. Кога стигнало решението за плаќање на судските трошоци, бабата побарала од дедото заем од 2.000 евра.
Дедо ми ѝ го дал со услов да ги врати парите на рати кога ќе почне да добива пензија бидејќи не можела поинаку. Дедото во својот „тефтер“ склопил рачно напишан договор каде се договориле и двајцата ги потпишале документите и сите детали. Подоцна си заминала, си го земала правото на пензија и на дедо му вратила вкупно 500 евра, а после ѝ се губи секаква трага. Отишла во Бугарија и не се јавувала“.
Корисникот по име PotatooCatoo се запрашал дали има некој начин да ја тужи оваа жена и да ги врати парите што ѝ ги позајмил неговиот дедо.
Следеа многубројни коментари, меѓу кои имаше и хумористични од типот: ,,И баба не ,,дав” без пари!“, до оние кои советуваа да се обратат кај адвокат, иако мнозинството беа на мислење дека не вреди и дека е губење работа, особено што договорот меѓу нив не бил заверен на нотар.
„Процесот е скап затоа збогувајте се со 1.500 евра. Требало да одат на нотар, ,,гефтерчето” тешко дека вреди“, е само еден од коментарите.