Баба (77) се омажи за сама себе! Невообичаена венчавка во дом за стари лица: Ова ѝ е втор брак, но отсекогаш сонувала за ова! (ВИДЕО)

Дороти „Доти“ Фидели својата слава ја должи на необичната церемонија која решила да ја приреди во пензионерскиот дом во кој живее.

На 13 мај се одржа церемонија во еден од пензионерските домови во американската сојузна држава Охајо. 77-годишната жителка се омажила за себе.

– Тоа е нешто што отсекогаш сум го посакувала. Да се ​​омажам за некого и да имам среќен живот, но работите испаднаа поинаку и дури сега имам можност да направам нешто вакво – вели возбудено таа во интервју за ТВ VLVT.

Необичниот настан привлече голем број медиуми. Оваа 77-годишна жена во нехзините интервјуа објаснила дека идејата за организирање „свадба“ ѝ дошла откако во една од телевизиските емисии дознала за жена која сама се омажила. Потоа го сакала истото – сфатила дека тоа е одличен начин да ги расположи жителите на старечкиот дом во кој престојувала.

– Овде правам луди работи за да ги насмеам луѓето – вели бабата.

Фидели ја поддржуваше и семејството. Тие и’ помогнале да купи венчаница но и околу целата таа организиација.

Оваа 77-годишна жена, како што и самата рече, била под стрес за време на церемонијата, но среќна.

Таа нагласи дека ова е нејзина втора венчавка. За првпат се омажила во 1965 година, но се развела девет години подоцна.