БАБИ И ДЕДОВЦИ НАВЛЕЧЕНИ НА КОКАИН !? Пензионерите на оваа држава се почесто се дрогираат, а добија и интересен прекар

Бројот на постари луѓе кои се лечат односно примаат терапија поради употреба на кокаин нагло се зголеми во Велика Британија во изминатата година.

Луѓето постари од 60 години, наречени „сребрени носови“, биле примени во собата за итни случаи 540 пати поради предозирање со кокаин.

Она што е уште поневеројатно се следните бројки. Имено, има 85 луѓе на возраст од 70 до 79 години, а 11 на возраст од 80 години.

Корисниците на кокаин во нивните 60-ти, 70-ти и 80-ти години можеби нема да ја осетат силата на дрогата што беше достапна на пазарот во последните неколку години. Ова доведе до поголеми проблеми директно поврзани со нивното целокупно ментално здравје“, велат здравствените власти од Велика Британија.

кокаин
илустрација

Многумина од примените претрпеле предозирање или напади, како и бројни депресивни состојби.

Она што е уште поалармантно во однос на претходните податоци е фактот дека имало и два случаи на лекување на деца до девет години, кои најверојатно во своите домови пронашле кокаин и случајно го земале.

Министерството за здравство на Велика Британија забележало 12.082 случаи во периодот од 2022 до 2023 година, што е за 81 отсто повеќе од пред 10 години, кога биле регистрирани 6.680 случаи.

Зголемениот број на средовечни и пензионери кои користат кокаин е наречен „сребрени носови“.

Велика Британија сега се смета за главен град на кокаинот во Европа.