– Шпанскиот фудбалер и член на Виљареал, Алекс Баена, демантираше денеска преку социјалните мрежи дека го испровоцирал физичкиот напад од играчот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навредувајќи го, наводно, во врска со неговото неродено дете.
„Навистина сум среќен поради фантастичната победа на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, но во исто време и многу сум тажен поради нападот што го претрпев после натпреварот. Изненадувам сум што се зборува за мене. Апсолутно не е вистина дека тоа сум го рекол“, напиша Баена на социјалните мрежи.
Валверде по поразот на Реал (2-3) во Мадрид од Виљареал го сочека Баена на паркингот и неколку пати го удри, а шпанските медиуми пренесуваат дека повод биле навреди од претходниот меѓусебен дуел на двајцата играчи на теренот. Медиумите тврдеа дека Баена тогаш му рекол на Валверде: „Плачи, бидејќи твоето дете нема да се роди“.