Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок денеска ја почнува дводневната посета на Финска и на Шведска.
Баербок во Хелсинки ќе се сретне со финскиот министер за надворешни работи Пеко Хавистом и ќе посети подземен објект на цивилна заштита.
Таа утре ќе отпатува во главниот град на Шведска, Стокхолм.
По децении неутралност, Финска и Шведска, по руската инвазија врз Украина, поднесоа кандидатура за членство во НАТО. Сите 30 земји-членки на НАТО треба да ја одобрат кандидатурата, но Турција и Унгарија сè уште не го направиле тоа.
Баербок најверојатно ќе разговара и за планираната испорака на борбени тенкови Леопард 2 од германско производство во Украина, што се во сопственост на Шведска и Финска.