– Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн постави рекорд во Бундеслигата. Избраниците на Томас Тухел во 11. коло го победија Хајденхајм (4:2).
Сега тимот од Минхен има 42 гола во првенството. Ниту една екипа досега нема постигнато повеќе од 40 гола во Бундеслигата на првите 11 натпревари.
Најголемата победа на Баерн оваа сезона беше со 8:0 над Дармштад на 28 октомври. На 23 септември Бохум беше поразен со 7:0.
Вториот по ефикасност во Бундеслигата, Баер Леверкузен, има 30 голови од 11 натпревари сезонава.