Базените нудат разладување, но и предизвикуваат инфекции. Како да се заштитиме по природен пат?

Базените се одлична можност за разладување за време на летните горештини. Од друга страна, инфекциите на уринарниот тракт се вистински кошмар, а базените се идеална средина за размножување на бактериите. Воспаление настанува кога бактериите ќе стигнат до мочниот меур преку мочниот канал и таму ќе почнат да се размножуваат со голема брзина. Болното и зачестено мокрење, пецкањето и карличната болка се знак на уринарна инфекција. Многу од капачите во базените не се тушираат пред да влезат во вода. Целата пот, нечистотија, маснотии и производи за нега на кожа ја намалуваат моќта на средствата за дезинфекција базирани на хлор во базените. Жените имаат поголем ризик да се инфицираат, поради краткиот мочен канал кој го поврзува мочниот меур со отворот каде што излегува урината. Доколку ги следите следните совети, може да ги избегнете инфекциите:

Заштитете се себеси и другите

Tреба максимално да се грижите за хигиената. Туширајте се најмалку 60 секунди пред да влезете во базенот и задолжително туширајте се откако ќе излезете од базенот. Само еден пливач може да внесе милијарди микроби, вклучително и фекални честички, во водата. Затоа, хигиената е приоритет.

Не ја голтајте водата

За само 45 минути од пливањето, просечна возрасна личност голта 1 лажица вода додека плива во базен, а децата дури двојно повеќе. Направете сѐ што можете за да ја намалите таа количина.

Како да се ослободите од бактериите во уринарниот тракт и спречите појава на инфекции! Како да си помогнете по природен пат?

Жените многу често страдаат од уринарни инфекции! Но како да избегнете ваква состојба без да пиете антибиотици или други лекови. Инфекциите знаат да бидат голем проблем особено во летниот период кога треба да бидеме најопуштени. Особено ризикот е голем кога по бањање нема да го соблечете костумот за капење, со што веднаш се изложувате на ризик да добиете инфекција. Болките во јајниците, пецкање при мокрење сето ова наговестува дека имате проблем со уринарниот тракт. За да избегнеме ваква состојба и мирно да си го планираме одморот, Натура терапи има природно решение за уринарните инфекции. Ги има производите Уро протект и Д-Маноза, кои се пијат во комбинација, тоа е дуален систем против уринарни инфекции кои се многу почести кај жените на лето заради мокри костими за капење, преладен стомак, нозе итн.

По капењето, веднаш соблечете го костимот за капење

Ако предолго останете во влажен костим за капење (а многумина чекаат да се исуши на нив), ризикувате многу. Влажната и топла средина е најпогодна за размножување на бактериите.