„БАЛКАНОТ Е НАЈУБАВ КОГА Е ОТВОРЕН! Милатовиќ зборуваше на отворањето на Вториот меѓународен саем за вино
На отворањето на Вториот меѓународен саем на вино говореше претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, му се заблагодари на претседателот Вучиќ за поканата да учествува на отворањето на Вториот меѓународен саем за вино Wine Vision of the Open Balkans.
– Балканот е најубав кога е отворен. Мислам дека овој начин на соработка е најдоброто нешто. И вечерва испраќаме слика до светот. Виното е тука да нè обедини, затоа во името на историјата на виното, и нашата заедничка иднина во виното, на сите им посакувам сè најдобро – рече Милатовиќ.