Балканот завиен во црно! Смртта која ги шокира сите, почина каратистка која имаше само 18 години: Зборовите не можат да ја искажат болката (фото)
Хрватска е обвиена во црно – тажна вест пристигнува од Винковци. Почина хрватскиот помлад каратист и член на карате клубот Винковци, Ника Бркиќ (18), соопшти Хрватскиот карате сојуз.
– Со зборови тешко може да се искаже болката што ја чувствуваме поради загубата на нашата сакана Ника Бркиќ. Ника не беше само врвен каратист, туку и личност која ширеше позитивна енергија околу себе. Ќе остане запаметена по нејзината посветеност на спортот и нејзиното големо срце. Нека нејзината душа најде мир, а семејството и пријателите нека најдат сила во овие тешки моменти. Нашите мисли се со вас во ова тешко време на загуба. Почивај во мир драга Ника – објави ХКС на својот Фејсбук профил.
Ника во својот млад живот зад себе остави низа успеси во спортот кој најмногу го сакаше. Таа пред само три месеци, во септември 2023 година, освои злато на 21. карате „Дарфест“ во Дарувар во категоријата до 53 килограми, а во 2018 година стана државен вицешампион на хрватскиот шампионат.