Балканот зборуваше за вонбрачниот син на Чола! Тој ја откри вистината: Скапо ќе плати, ќе барам алиментација за сиве овие години (фото)

Амир Казиќ Лео ја откри врската со Здравко Чолиќ за кој се шпекулираше дека му е татко! Пејачот во деведесеттите важеше за голем заводник на сцената. Амир уште во 89-та година сите го споредуваа со големата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ, а своевремено се зборуваше дека е негов татко.

Казиќ веднаш демантираше, но не криеше дека е импресиониран од дружењето со Чолиќ, бидејќи тој и денес е една од најголемите музички ѕвезди.

Амир Казиќ Лео

– Реков дека Чола скапо ќе плати за тоа, дека ќе барам алиментација за сите овие години. Да сум јас на негово место, би снимил дует, за да покажам дали навистина сме толку слични и визуелно и вокално или не. Чола е само 14 години постар од мене и не може да ми биде татко – изјави пред многу години за хрватските медиуми.

– Не разбирам зошто Чола молчи, а сите зборуваат за тоа. Јас да сум на негово место, би го гушнал, би се сликал и луѓето ќе замолчат – рекол Амир Кажиќ Лео.

Лео сакаше да се дружи со своите пријатели од шоуто, беше поврзан со многу од нив, а никогаш не криеше дека се чувствува убаво и удобно во женско друштво. Дамите паднаа на неговиот шарм, а тој знаеше да го искористи својот глас за да ги придобие.

Познато е дека Лео сака фудбал, кој е и негово хоби, па често игра фудбал со своите пријатели. Сепак, пред неколку години на тренинг, Лео доживеа несреќа и мораше итно да биде пренесен во болницата во Загреб. Таму биле констатирани повреди на левото колено и испукано ребро.

Иако во своите песни најчесто пее за невозвратена љубов, Амир повеќе од три децении е во среќен брак со сопругата Биба, која избегнува да се појавува во јавност.