Балканската дива проговори за најтешкиот момент во животот: „Мислев дека нема да преживеам“ (ФОТО)

Сенида проговори за загубата на мајка си, а како што вели и денес не и’ е лесно.

Словенечката музичарка Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенидах, раскажа колку и’ недостига мајка си, и дека е жена која направи апсолутно сè сама и мисли дека можеби затоа денес има проблеми во животот.

,,Самата знам сè, дури и она што не ми треба или не мора. Тоа може да биде проблем за некои мажи, но и за некои жени бидејќи јас всушност сум маж”, изјави пејачката, откривајќи дека последните два албума беа посветени на нејзината мајка.

„Искрено, „Без тебе“ е првиот албум без мајка ми. Имаше една песна на албумот што ме потсети на неа. Кога работев во студио се сетив и целиот албум да и’ го посветам на мајка ми. Вториот албум „За тебе“ можеби е за моја душа, но и тој е посветен на неа. Мајка ми секогаш велеше: „Дај ми нешто поживо, дај ми повесела музика“, а на вториот албум имам многу такви поживи песни На неа и’ се допаѓаше повеќе позитивна музика“, вели Сенида.

Иако поминаа десет години од смртта на нејзината мајка, и денес не и’ е лесно и чувствува голема болка и празнина.

„Тогаш мислиш дека нема да преживееш, ако и’ се случи нешто, и дека и ти ќе умриш заедно со неа. Полесно е, но се сеќаваш на спомените и се прашуваш: „Каде е таа личност? Каде е тој човек и зошто го нема?“ Не е лесно, особено кога имате тешки денови. Навистина е тешко, но не можете да се предадете во тие моменти“, заклучи Сенида.