“Банка на Израел“ очекува војната против Хамас да чини околу 49 милијарди евра

Вкупните трошоци за војната на Израел против Хамас во периодот 2023-2025 година се очекува да изнесуваат над 200 милијарди нови шекели или 49 милијарди евра, соопшти „Банка на Израел“, пренесуваат израелските медиуми.

Во анализа на Channel 12, што се занимава со влијанието на војната во Појасот Газа врз израелската економија, се наведува дека државата Израел инвестирала 24,7 милијарди нови шекели или околу 4,5 милијарди евра државни средства во различни аспекти на воените напори, вклучувајќи ги трошоците за одбрана и финансирањето на повеќе од 100.000 евакуирани и раселени од северот и југот на земјата, пишува Times of Israel.

Околу 930 милиони нови шекели, што е приближно 22,8 милиони евра, се наменети за менталното и физичкото здравје на жртвите на теророт за време и по нападот на Хамас на 7. октомври, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а 240 заробени.

Трошоците за поправка и обнова на уништените заедници долж границата со Појасот Газа ќе достигнат околу 400 милиони нови шекели, што е околу 98 милиони евра.

Како што се наведува, штетата на северот на Израел предизвикана како резултат на прекуграничните напади од Либан ќе достигне околу 250 милиони нови шекели или околу 60 милиони евра