Барала помош од психолог и свештеник! Снежана Ѓуришиќ едвај се извлекла од вителот на депресијата! (фото)

Снежана Ѓуришиќ била во тешка психичка состојба откако го изгубила сопругот, но и помогнале разговорите со психолози, пријатели и свештените лица.

Слободан Гвозденовиќ, покојниот сопруг на Снежана Ѓуришиќ, почина во 2013 година, а пејачката откри како се справила со депресијата по неговата смрт.

– Прво треба да забележиш, да знаеш дека си депресивен, а ако не забележиш има членови од семејството кои ќе ти укажат. Потоа дозволувате времето да го реши, но тоа не функционира така, туку треба да се има дополнителна волја. Одев на разни разговори со психолози, свештеници и пријатели… Благодарение на мојата волја, а пред сè Бога, и сета помош, успеав да се извлечам од тоа. Си мислев „Сега ќе се посветам и ако ми се случи некој да ми се допадне, да има хемија меѓу нас – нему ќе му се посветам. Ти благодарам Боже, ти благодарам што си тука“ – објасни Снежана.