– Шпанскиот фудбалски клуб Барселона го потврди трансферот на германскиот фудбалер со турско потекло Илкај Ѓундоган.
Во писменото соопштение на клубот се вели дека со 32-годишниот фудбалер е потпишан договор што важи до 30 јуни 2025 година, со опција да се продолжи уште една година.
Шпанските медиуми тврдеа дека Илкај, по завршувањето на договорот со Манчестер Сити, го одбил договорот од Саудиска Арабија и дека во Барселона ќе заработи бруто 10 милиони евра за секоја сезона.