Мунир Насрауи, таткото на Ламине Јамал, славеше со својот син по победата на Барселона од 3-2 во финалето на Купот на кралот и призна дека порано навивал за Реал Мадрид.
Насрауи се приклучи на прославите на играчите на Барселона на теренот, а фотографите го „уловија“ и надвор од хотелот по натпреварот кога рече:
„Иако бев навивач на Реал Мадрид, не ми е гајле. Барселона е таа што ме храни“, искрено призна Мунир , а неговата изјава стана вирална.
Да потсетиме, Ламине Јамал одигра клучна улога во финалето, давајќи две асистенции кои и’ помогнаа на Барселона да освои уште еден трофеј.
Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 по продолженијата во спектакуларното финале на Копа дел Реј, обезбедувајќи го својот 32. трофеј во ова натпреварување. Натпреварот одигран на стадионот „Ла Картуја“ во Севиља изобилуваше со возбудувања, пресврти и контроверзни судиски одлуки.