БАРСЕЛОНА НЕ ПАМЕТИ ВАКВА СУША – На удар се приватните базени и тревници, а забрането е дури и перење автомобили

Жителите на Каталонија во Шпанија се борат со ограничувањата и забраните за вода, а властите официјално прогласија вонредна состојба поради историска суша, пренесува Sky News.

Во североисточниот шпански регион 40 последователни месеци има врнежи од дожд кои се потпросечни, намалувајќи ги резервоарите на рекордно ниско ниво.

Властите веќе забранија наводнување на тревниците, полнење на приватни базени и перење на автомобили. Притисокот на водата е намален и во некои градови во пошироката област на Барселона.

Во четвртокот, властите ја продолжија забраната за полнење вода во јавните базени и ограничувањата за јавните тушеви. Мерките, кои ќе стапат на сила во петок, ќе погодат околу шест милиони луѓе во 200 градови и региони, вклучувајќи го и вториот по големина град во Шпанија, Барселона.

Резервоарите паднаа на 16 отсто од нивниот капацитет, што е историски минимум. До лето, властите велат дека можеби ќе треба да внесат вода со брод.

Сушата ќе се надмине, но ние сме во нова климатска реалност во која поверојатно е дека ќе има нови поинтензивни суши“, изјави регионалниот шеф, Пере Арагонес, на прес-конференција.

слика

Сушата најсилно ја погоди северна Кататонија до француската граница, додека јужната област е во подобра ситуација благодарение на реката Ебро што минува низ неа.

Вонредната состојба може да го намали количеството вода што секој човек во Каталонија може да го користи од 210 на 200 литри дневно, вклучувајќи ги и личните и јавните потреби. Од регионалната агенција за води наведуваат дека просечниот жител дневно троши 116 литри дома.

Ограничувањата, исто така, може да предизвикаат намалувања во земјоделството и другите индустрии, намалувајќи ја водата за наводнување на земјоделските култури за 80 проценти. Групата за климатски научници World Weather Attribution вели дека климатските промени ги прават сушите посериозни и поверојатни во Медитеранот.

Сушите се природни во медитеранската клима. Она што е многу драматично се проекциите за климатските промени, поради што гледаме зголемување на интензитетот и зачестеноста на сушите“, вели Енелис Брукман, експерт за управување со водите во Истражувачкиот институт CREAF.

Тој додава дека интензивната суша низ која моментално минува североисточна Шпанија на еден клучен начин се разликува од последната сериозна суша во Каталонија во 2008 година, кога се користеа чамци за транспорт на вода до Барселона.

Во 2008 година понекогаш врнеше малку дожд на важни места, па имавме ретки моменти кога целата природа можеше да одмори. Овој пат навистина сме под нормалната шема за континуиран временски период“, објаснува тој.

Каталонија веќе неколку месеци се соочува со рестрикции во користењето на водата, кои се заоструваат со намалувањето на резервите. Досега се избегнаа построги мерки благодарение на системите за бигор и регенерација на водата, кои во моментов сочинуваат 55 отсто од вкупната потрошувачка на вода во регионот.

Шпанските власти издвојуваат милиони евра за проширување и изградба на нови постројки за бигор долж крајбрежните области кои се најпогодени од сушата.