Барселона постави рекорд во Ла Лига за „чисти мрежи“ во првите 27 кола

 – Екипата на Барселона синоќа го победи Елче на гостински терен во натпреварот од 27. коло од Шпанското фудбалско првенство со резултат 4:0.

Овој натпревар беше 20-ти за каталонскиот тим во кој не примија голови, што е рекордна бројка за 27 кола во Ла Лига.

Исто така, Каталонците оваа сезона примија само девет гола на 27 натпревари, што е и рекорд во лигата.

Барселона е прва на табелата во шпанската лига со 71 бод.