Бразилскиот напаѓач Рафиња (28) оваа сезона стана клучен играч на Барселона, а голем интерес привлече неговото враќање на високо ниво по првичните проблеми со минутажата кај тренерот Чави Ернандез.
Иако Рафиња летово беше на прагот на заминување, доаѓањето на Ханси Флик донесе промена и под негово водство играше во својата најдобра форма.
Моментално е еден од најдобрите играчи на Барселона, кои се во борба за освојување на тројната круна до крајот на сезоната, вклучувајќи ги Ла Лига, Копа дел Реј и Лигата на шампионите.
Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона решила да го продаде Рафиња додека тој е на врвот на кариерата, па клубот одредил цена од 80 милиони евра, верувајќи дека Бразилецот тешко ќе ја повтори ваквата сезона.
Иако најголем интерес за Рафиња доаѓа од англиските клубови, првата понуда изненадувачки стигна од саудискиот клуб Ал Хилал.
Според информациите на каталонскиот весник Спорт, Ал Хилал е подготвен да плати 80 милиони евра и да му понуди на Рафиња четиригодишен договор вреден речиси 200 милиони евра.
Да потсетиме, Рафиња има договор со Барселона до летото 2027 година, но нема информации за преговори за продолжување на соработката.