Бајден го помилува својот син Хантер и покрај неговите ветувања дека нема да го стори тоа

– Американскиот претседател Џо Бајден формално го помилува својот син Хантер синоќа за федералните прекршоци за оружје и даночни пресуди за што претходно вети дека нема да ги искористи своите извршни овластувања за да ги повлече.

Бајден во долгата изјава рече дека обвиненијата против неговиот син се политички мотивирани, додавајќи дека „суровата политика го заразила“ правосудниот систем и резултирало со „погрешна правда“.

„Ниту еден разумен човек кој ги разгледува фактите од случаите на Хантер не може да дојде до друг заклучок освен што Хантер беше издвоен само затоа што тој е мој син – и тоа е погрешно. Имаше обид да се ‘собори’ Хантер – кој веќе пет и пол години години е трезен, дури и во услови на немилосрдни напади и селективно гонење“, рече тој.

„Во обидот да го соборат Хантер, тие се обидоа да ме соборат мене и нема причина да се верува дека ќе престанат тука. Доста е“, додаде тој.

Хантер Бајден беше прогласен за виновен поради федерални обвиненија за поседување огнено оружје додека бил зависник од дрога во 2018 година. Тој одделно се изјасни за виновен за федералните даночни обвиненија во септември.

Претседателското помилување ги опфаќа двете пресуди и е голем пресврт за претседателот кој велеше дека нема да го стори тоа.