За време на средбата во Вашингтон и дискусијата за американската поддршка за Украина, американскиот претседател Џозеф Бајден му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не губи надеж во борбата против руската инвазија.
„Ќе бидеме покрај вас“, му рекол претседателот Бајден на својот украински колега, пренесува Ројтерс.
Претходно денеска Бајден го повика американскиот Конгрес да одобри дополнителна помош за Украина и најави посебна воена помош за Киев од 200 милиони долари.
Зеленски му кажал на Бајден дека неговата земја денес е помалку зависна од странска помош, му се заблагодари на американскиот претседател за испораките на системи за противвоздушна одбрана и посочи дека Украина е доволно силна да победи во војната против Русија.
Тој исто така рече дека со Бајден сака да разговара за интеграцијата на Украина во Европската унија.