Бајден му порача на премиерот на Израел: „Размислувај за твојот наследник, деновите ти се одбројани“

Американскиот претседател Џо Бајден и неговите соработници веруваат дека деновите на Бенјамин Нетанјаху како премиер на Израел се одбројани поради последиците од војната во Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Бајден дури му ја пренел оваа порака на премиерот, сугерирајќи му на Нетанјаху за време на воената посета на Израел минатиот месец премиерот да ги земе предвид лекциите што би сакал да му ги пренесе на својот наследник, објави Политико, цитирајќи двајца високи претставници на администрацијата.

Трет американски функционер рече дека очекувањата во администрацијата се дека Нетанјаху ќе може да остане на власт уште неколку месеци или додека не заврши раната фаза на копнениот напад на Израел во Газа.

Сепак, сите официјални лица ја признаа нестабилноста на израелската политика, што служи како предупредување за нивните шпекулации.