Бајден на Самитот на Г-20 ќе разговара и за реформа на Светска банка

 Претседателот на САД, Џо Бајден за време на Самитот на Г-20 во Индија, ќе се фокусира на реформирање на Светската банка и ќе ги повика другите мултилатерални развојни банки да го зголемат кредитирањето на борбата против климатски промени и на инфраструктурни проекти, соопшти Белата куќа.

– Тоа е еден од нашите главни фокуси на Г-20 – исполнување на агендата со фундаментално преобликување и проширување на мултилатералните банки за развој, особено Светската банка, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Тој додаде дека е познато дека тие институции се дел од ефективни алатки за мобилизирање транспарентни, висококвалитетни инвестиции во земјите во развој.