БАЈДЕН ОДОБРИ ИСПРАЌАЊЕ МОНСТЕРОЗНО ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНА: Ракетата М864 може да посее смрт дури и децении по конфликтот

Американскиот претседател Џо Бајден одобри купување на американска касетна муниција за Украина , а повлекувањето на оружјето од залихите на Министерството за одбрана треба да биде објавено во петок, пишува Вашингтон пост.

Потегот на Бајден го заобиколува американскиот закон со кој се забранува употреба на касетна муниција со стапка на неуспех од повеќе од 1 отсто и доаѓа во услови на загриженост поради заостанатата контраофанзива на Киев против руските трупи и намалениот залихи на конвенционална артилерија од Западот.

Дебатата за тоа дали Украина треба да се снабдува со контроверзната муниција забранета од повеќето земји во светот трае со месеци.

Касетната муниција обично експлодира во воздухот над целта, ослободувајќи десетици до стотици помали експлозивни направи на широк простор.

Повеќе од 120 земји се приклучија на конвенцијата која забранува нивна употреба како нехумана и неселективна, во голем дел поради високите стапки на неуспех и поради тоа што околината и цивилите се преполни со неексплодирана подмуниција децении по крајот на конфликтот.

Соединетите Американски Држави не ја ратификуваа конвенцијата. Русија и Украина исто така.

Артилериската граната М864 за прв пат е произведена во 1987 година и е истрелана од хаубици со калибар 155 мм што веќе и биле обезбедени на Украина од САД и другите западни земји. Пред повеќе од 20 години, Пентагон процени дека четири од 72-те подмуниции што ги носи секоја граната остануваат неексплодирани во област со големина на четири и пол фудбалски игралишта.

Хјуман рајтс воч наведува дека САД користеле касетна муниција во секој поголем конфликт од Корејската војна, меѓутоа, се верува дека не биле произведени нови со години и се верува дека дури 4,7 милиони касетна муниција што содржи повеќе од 500 милиони подмуниции да бидат во воени инвентари.