Бајден побарал од Нетанјаху тридневен прекин на огнот

„Побарав од Бенјамин Нетанјаху тридневен прекин на непријателствата“, изјави американскиот претседател Џо Бајден по телефонскиот разговор со израелскиот премиер.

Бајден го повика Нетанјаху на прекин на огнот за да се овозможи напредок во ослободувањето на заложниците кои ги држи Хамас, но и да се олесни влезот на хуманитарна помош.

Белата куќа официјално објави дека Бајден и Нетанјаху исклучиво разговарале за тактичките прекини за време на актуелниот конфликт.

Со договор на овие две страни, паузата би била искористена за дополнително да се провери идентитетот на сите заложници и да се обезбеди целосен список со имиња, иако за време на разговорот израелскиот премиер истакна дека нема доверба во Хамас, кој не е подготвен за договор.

Разговорот го водеа и израелскиот претседател Исак Херцог и потпретседателката на САД, Камала Харис, кои ја истакнаа важноста од заштита на животите на цивилите и почитување на меѓународното хуманитарно право