Бајден повторно се ‘изгубил’: Не знаел каде да застане, војник му помогнал (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден повторно изгледаше дезориентирано во јавноста , овој пат кога положи венци на Споменикот на непознатиот херој за време на денот на ветераните во Арлингтон.

Бајден побарал помош од почесна стража бидејќи не знаел каде да оди откако положил цвеќе.

Тој збунето го погледна и се вртеше лево-десно, пред да замине.

Војникот потоа ја насочил раката во насока на потпретседателката Камала Харис, која стоела неколку метри подалеку. Бајден го разбрал гестот, па застанал до неа.

Републиканците уште еднаш ја искористија приликата да го нападнат неговото однесување.

– Боже, помогни ни. Имаме претседател кој не знае дали дошол или си заминал – изјави Џеф Ван Дру.

Да потсетиме дека Бајден е познат по честите гафови , а тврдењата дека боледува од деменција се појавија во текот на претходната изборна кампања. Критичарите сметаат дека тој не е способен да ја извршува функцијата претседател.

Инаку, Бајден е најстариот претседател во историјата на САД, а наскоро ќе наполни 81 година.