Бајден повторно хит на социјалните мрежи: Излезе од студиото додека водителот сè уште зборуваше (видео)
Американскиот претседател Џо Бајден повторно беше во центарот на вниманието на социјалните мрежи, овојпат поради наглото станување и излегувањето од студиото по интервју во живо.
Џо Бајден повторно беше мета на потсмев нљ социјалните мрежи, овојпат поради начинот на кој излезе од студиото откако беше интервјуиран за време на емисија во живо.
Откако разговорот заврши на телевизискиот канал MSNBC, американскиот претседател стана, се ракуваше со водителката Никол Валас и наместо да ја чека одјавата, се упати кон излезот.
Кога станал, водителот му рече: „Господине претседателе, благодарам, мило ми е што дојдовте“. Потоа погледна во камерата и им порача на гледачите да не го исклучуваат каналот а Бајден во тој момент беше зад неа и се упатуваше на патот кон излезот.
Неговото интервју не помина незабележано, па многу корисници на социјалните мрежи почнаа да се шегуваат на негова сметка:
„Погледнете како Џо Бајден ,,одлепи” од MSNBC“, напиша еден корисник на Твитер.
На видеото реагираше и американскиот републикански политичар Скот Вокер, кој видеото го сподели на Твитер со опис: „Мандатот на Бајден во едно видео“.