Официјалната одлука се очекува.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по триумфот на Австралија опен се врати на врвот на АТП листата, но неговото учество на турнирите во Америка се уште е под знак прашалник.
Како што објавија американските медиуми, претседателот на САД, Џозеф Бајден, има намера да ја прекине вонредната состојба во Америка, па после тоа веројатно во Америка ќе можат да влезат и невакцинирани лица. Во понеделникот, Бајден го информираше Конгресот дека на 11 мај ќе стави крај на двојната национална вонредна состојба поради пандемијата на вирусот Ковид-19.
Тоа би значело дека Новак Ѓоковиќ ќе може да учествува на УС Опен во Синсинати, но нема да игра на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами.
Мастерсот во Индијан Велс е закажан за 8-19 март. Мастерсот во Мајами ќе се игра од 22 март до 2 април, додека УС Опен е закажан од 28 август до 10 септември, а Мастерсот во Синсинати од 12 до 20 август.