Бајден: Путин мислеше дека НАТО ќе се распадне – погреши

– НАТО е „посилен, поенергичен и пообединет“ од кога било во својата историја, изјави американскиот претседател Џо Бајден по завршувањето на самитот на Алијансата во Вилнус, пренесе Скај Њуз .

Американскиот претседател кажа Владимир Путин веројатно „се обложувал дека НАТО ќе се распадне“ кога ја почна својата инвазија врз Украина минатата година.

-Тој мислеше дека демократските лидери ќе бидат слаби… погреши, рече Бајден, за што доби  аплауз од публиката.

Американскиот претседател со достоинство и оддаде почит на Украина за одбраната на нејзината територија.

-Народот на Украина остана нескршлив, додаде тој.

Бајден додаде и дека рускиот претседател „сè уште се сомнева во големината на моќта на НАТО и прави лоша пресметка дека западните партнери „ќе се распаднат“.