ХОРОР ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – Четири лица пронајдени мртви во стан во Лондон, меѓу нив и две малолетни деца: “Ова е многу страшно…“

Во областа Хаунслоу во Лондон, четири лица се пронајдени мртви, меѓу кои 11-годишно девојче, 3-годишно момче и маж и жена на возраст од 30 години, соопшти тамошната полиција, а објавија британските медиуми.

Според досегашните достапни информации за медиумите, се верува дека сите тие се поврзани.

Загрижените жители повикале полиција, која ги пронашла телата откако насилно влегле во станот, а полицијата го опиша како „страшен“.

Супт Шон Вилсон, локален полициски командант во западен Лондон, вели дека истрагата е во многу рана фаза и врз основа на првичните набљудувања, тие во моментов не бараат никој друг во врска со инцидентот.

Свесен сум за шокот и вознемиреноста што овој ужасен настан ќе предизвика во заедницата во Хаунслоу и пошироко. Можам да го уверам локалното население дека експерти работат на утврдување што точно се случило и штом можам ќе дадам дополнителни информации“, изјавил тој за британските медиуми.