УХМР: “Утре облачно со локален дожд, попладне облачноста ќе се намалува“

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре претпладне времето ќе биде претежно облачно со локални врнежи од дожд, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде облачно со повремен слаб дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Од понеделник, како што најавуваат од УХМР, ќе настапи стабилизирање со значителен пораст на дневната температура, ќе преовладува претежно сончево време, освен во среда кога се очекува локален развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.