Бајден се огласи за првпат откако ѝ даде дозвола на Украина да истрела проектили длабоко во руската територија
Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден денеска зборуваше на Самитот на Г-20 во Бразил, за првпат откако и’даде зелено светло на Украина да користи американско оружје за напади длабоко на територијата на Русија
Бајден ја повтори поддршката на американската влада за Украина на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро. Како што пренесува Би-Би-Си, тој не се повика директно на одлуката за одобрување на употребата на ракети со долг дострел од Украина.
„Сите ние мора да работиме за да ставиме крај на конфликтите и кризите кои го поткопуваат напредокот во подобрувањето на безбедноста ширум светот“, рече Бајден, додавајќи:
„САД силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Според мене, сите на оваа маса треба да го сторат истото.”