Џо Бајден се сретна со вдовицата и ќерката на Алексеј Навални денеска во Сан Франциско, САД.
Американскиот претседател се сретна со Јулија и Даша Навалнаја „за да го изразиме нашето искрено сочувство за нивната страшна загуба по смртта на Алексеј Навални во руски затвор“, се вели во соопштението.
„Тој тврди дека утре американската администрација ќе воведе силни нови санкции против Русија како одговор на смртта на Алексеј, руската репресија и агресија и бруталната и нелегална војна во Украина“, напиша тој меѓу другото.
Во меѓувреме, мајката на Алексеј Навални, Људмила, успеа да го види мртвото тело на нејзиниот син, кој почина во рускиот затвор со висок степен на обезбедување на Арктикот.
Таа ги обвини руските истражители дека ја уценувале велејќи и да го закопа синот приватно, односно без присуство на медиумите.
Инаку, Навални беше најголемиот критичар на актуелниот руски претседател Владимир Путин.
Today, I met with Yulia and Dasha Navalnaya – Aleksey Navalny’s loved ones – to express my condolences for their devastating loss.
— President Biden (@POTUS) February 22, 2024
Aleksey’s legacy of courage will live on in Yulia and Dasha, and the countless people across Russia fighting for democracy and human rights. pic.twitter.com/aiCcgTrws3