Бајден смета дека израелската окупација на Газа би била „голема грешка“

 – Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека израелската окупација на Газа би била „голема грешка“.

„Тоа што се случи во Газа, според моето мислење, е Хамас, а екстремните елементи на Хамас не го претставуваат целиот палестински народ. И мислам дека би било грешка Израел повторно да ја окупира Газа, но неопходен услов е да влезе внатре и да ги отстрани екстремистите, Хезболах е на северот, а Хамас е на југот“, изјави Бајден во интервјуто за емисијата „60 минути“ што беше емитувана на „ЦБС“.

Наведувајќи оти верува дека Израел во Газа ќе се придржува до правилата на војување, Бајден изјави дека луѓето во Газа ќе имаат пристап до храна, вода и лекови.

Тој изјави дека Хамас мора да биде целосно елиминиран, но дека мора да постои палестинска власт, додавајќи дека мора да постои пат до палестинска држава.

Напоменувајќи дека „решението на две држави“ е американска политика со децении, Бајден додаде:

„Тоа, покрај Израел, би создало независна нација за пет милиони Палестинци.“

Оваа изјава на Бајден доаѓа во време кога во извештаите се наведува дека израелската војска се подготвува да започне значајни копнени операции.