Беа обични близначки до единаесетиот роденден: Изгледот на едната сестра драстично се променил, па следувал пекол (фото)
Малите близнаци изгледаа, логично, сосема идентично. Но кога наполнија 11 години работите почнаа да се менуваат драстично.
Мери и Рут се вистински, неразделни близначки. Сестрите кои беа толку блиски поврзани одеднаш на 11-годишна возраст почнаа да се менуваат – или подобро кажано, една од нив почна да се менува, и тоа драстично. Тоа беше Мери која разви тешка зависност од храна. Како што ситуацијата станувала сè полоша и полоша, почнал да се менува и односот на мајката кон нив, па таа ја нарече Рут „убавата“.
– Таа секогаш беше совршена близначка. Едноставно бев вишок – низ солзи се присетува Мери додека ја споделуваше својата животна приказна.
Кога станале возрасни млади жени, Рут тежела 54 килограми, а Мери дури 190.
Сепак, врската меѓу близнаците е нешто посебно. И колку што страдаше Мери, така и Рут страдаше со неа, па се разболе од анорексија и булимија. Таа се згрозувала секогаш кога мислела дека може да се здебели како Мери.
– Повеќе би сакала да умрам од глад отколку да дозволам да личам на неа – признава Рут.
Настрада и 13-годишниот син на Мери, Крис, кој секој ден ја гледаше неговата мајка како буквално се ,,убива” со храна.
Така изгледаше нивното прво појавување и првата приказна за Опра. И тогаш Опра повторно ги побара шест години подоцна. Сега тие имаа 34 години, а Мери имаше ужасна вест – нејзиниот син загина во сообраќајна несреќа.
Нормално, следеше голема тага и депресија.
– И тогаш си реков „доста е сега“. Ќе станам и конечно ќе си помогнам. Сега е време да го направам тоа што го посакувам со години – вели Мери. И му ја исполнила желбата на синот – ослабела непрепознатливо.
Пред една година таа имаше 110 килограми, што е голем успех за нејзината почетна тежина. А таа рече дека „штотуку почнала“.