Бебето го дала на посвојување за 4 илјади евра: Кривична пријава против Кумановец и уште четири Скопјани
Националната единица за криумчарење мигранти и трговија со луѓе во секторот за истраги за тешки кривични дела поднесе кривична пријава против А.М.(44), А.М.(35), Ф.А.(61) и Ѓ.К.(55) сите од Скопје и М.М.(41) од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело – трговија со луѓе.
Во текот на 2024 година пријавените А.М., А.М., Ф.А. и Г.К., искористувајќи ја финансиската состојба на обвинетата М.М., која била бремена, ја измамиле нудејќи и’ парична помош во износ од 250 до 270 евра, како и бесплатни лекарски прегледи за незаконско посвојување на нејзиното новороденче.
„На 18.02.2025 година, откако М.М. родила ќерка, со нотарска изјава и’ го доделила старателството на А.М., доброволно оставајќи го бебето на нејзина нега, образование и издржување, за што е платен износ од 4.000 евра. Од страна на судија на претходна постапка на А.М. и М.М. им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на А.М., Ф.А и Г.К., мерка куќен притвор“, соопшти МВР.