Бебето го исекле на парчиња и го сомлеле во машина за месо! Ја спакувале во 13 торби, а за да ги скријат доказите го пријавиле киднапирањето: Еве зошто ја убиле (ФОТО)
Руски брачен пар е уапсен бидејќи ја исекле својата осуммесечна ќерка на парчиња и и ги сомеле деловите од телото со помош на мелница за месо.
Детето починало кога нејзиниот татко Јаков Мајборода (33) го удрил додека се обидувал да ја удри нејзината мајка Анастасија, се наведува во извештајот, повикувајќи се на извори од руската полиција.
Откако сфатиле дека бебето починало, парот решил да го распарчи телото и да повика полиција, тврдејќи дека нивната ќерка била киднапирана. Меѓутоа, кога полицијата пристигнала во нивниот дом во јужниот руски град Ростов го уапсила парот под сомнение за убиство.
Полицајците го пребарале станот и пронашле мелница за месо и ножеви со траги од крв, како и 13 кеси со посмртните останки на девојчето, објави „Дејли мејл“, повикувајќи се на руската новинска агенција „База медиа“.
Според пишувањето на руските медиуми, соседите рекле дека често слушале врисоци од станот на парот откако се вселиле пред шест месеци и дека социјалните служби ги посетувале неколку пати.
Таткото Јаков на денот на злосторството бил понасилен од вообичаено, а вревата и врисоците наеднаш престанале, велат соседите.
„На денот на убиството тој бил понасилен од вообичаено, а потоа вревата и детскиот плач одеднаш престанале“, пишуваат медиумите.
Соседите почувствувале дека нешто не е во ред, но не можеа да замислат дека во тој момент зад ѕидот родителите се обидуваат да се ослободат од телото на нивната убиена ќерка.
Во извештајот се наведува:
„Речиси секој ден, другите жители слушаат малтретирање на брачниот другар и плачење на мало дете. Во текот на овие месеци неколку пати ги посетиле инспектори за малолетници“.
Против сопругот, управител во компанија за производство на мед и неговата сопруга која е педијатар е поведена кривична постапка. Судијата на парот им одредил притвор до 28 јуни во очекување на понатамошна истрага.