Бебе починало поради лекарска грешка! Зборовите на родителите ја кинат душата: „Секој ден ја преживуваме смртта на нашето девојче“
Едномесечното бебе Орла почина во 2020 година откако срцето и’ застанало „поради грешка направена од лекарите“ , а нејзините родители Амбер и Ли велат дека го преживеале „најлошиот кошмар“.
Семејството рече дека сега живеат со скршено срце и „неопислива болка“ бидејќи секој ден ја преживуваат смртта на нивното девојче поради „лекарска грешка“.
Родителите Амбер Коутс и Ли Клејтон од Велика Британија објасниле дека девојчето починало бидејќи лекарите згрешиле кога и’ дале лекови за неправилно чукање на срцето.
Малата Орла починала само еден час по примањето на лекот.
Проблемите започнале откако малото девојче Орла почнало да има проблеми при хранењето, но на мајката од општ лекар и’ било кажано само да и’ посвети малку повеќе внимание. Следниот ден отишла во болница каде на девојчето и’ била дијагностицирана суправентрикуларна тахикардија (СВТ), кога срцето чука многу побрзо од нормалното.
Девојчето починало пред три години, а родителите сè уште се обидуваат да откријат што точно се случило. Истрагата за нејзината смрт треба да започне следната недела.
„Cе сеќавам дека ја бакнав Орла и ѝ реков да биде храбра и силна, дека тато е тука и наскоро ќе се вратиме. Тоа беше последен пат кога ја видовме Орла будна и тоа е сеќавање што нè прогонува секој ден“, рече Ли.
Тој вели дека по вестта дека Орла починала, го доживеале „најлошиот кошмар“.
„ Немам поим колку долго седевме таму, само седевме и ја галевме, плачевме, разговаравме и пеевме со неа. Се обидовме пет пати да ја напуштиме собата, но не можевме, бидејќи не сакавме Орла да биде сама. Конечно, една жена презеде грижа за неа додека таа не ја заврши својата смена “, додаде тој.
„ Се чувствував скршено додека одевме дома, сеќавајќи се како беше кога се враќавме од болницата кога таа се роди “, објасни тој.
„Денот кога умре Орла нашите животи се сменија засекогаш. Речиси е невозможно да се најдат зборови за да се опише болката со која живееме секој ден. Орла беше најслаткото девојче и се чувствуваме многу благословени што ја имавме како наша ќерка, но сега повеќе таа не е со нас “, заклучи Ли.
Човекот изјавил дека истрагата е нешто со кое се борат овие три години и знаат дека ќе биде болно.
„Истрагата е нешто за што се залагаме во последните три години“, велат тие.
Сослушувањето е закажано за испитување на грижата што ја доби Орла, вклучувајќи ги и деновите на лекување пред нејзината смрт во јули 2020 година.
На 10 јули 2020 година, Амбер се јавила кај општ лекар затоа што забележала дека девојчето има проблем и и’ било лошо.
Следниот ден била префрлена во болница каде и било констатирано забрзано чукање на срцето
Во кралската болница во Честерфилд и биле дадени лекови и за неколку минути до еден час доживеала срцев удар. Истиот ден околу 20:00 часот била констатирана смрт.